Мекларен ја објасни разликата меѓу квалификациите и трката

Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл, објасни дека недостатокот на потисна сила на квалификациите ја прави разликата во перформансите во однос на трката. 

Минатата сезона Мекларен се бореше со Ферари за 4то место во конструкторскиот поредок, додека оваа година Ферари напредна со перформансите и се бори за победи додека Мекларен се врати назад и се бори со Алпин.  Тимот од Вокинг во моментов е во проблеми поради потпишаниот договор со Оскар Пиастри, кој најверојатно има и важечки договор со Алпин. 

Ландо Норис е доста подобар од својот колега Даниел Рикардо и од возачите на Алпин и стартува пред нив на трките.

доколку се споредат квалификациите со трката, ќе видиме дека ни недостасуваат перформанси на квалификациите во однос на трите топ тимови. Тоа е поради потисната сила и грипот кој ни недостасува, Но на трките потисната сила ги “јаде“ гумите. Мислам дека затоа е толку голема разликата – посочи шефот сеидл.

Мекларен заостанува четири поени зад Алпин пред летната пауза благодарение на 76 поени на Норис кој е најдобар од останатите возачи. Сеидл очекува новите надградби да му помогнат на тимот да напредува во борба за четврта позиција. 

Во однос на темпо на трка, сметам дека споредено со Алпин сме во подобра позиција од Франција. Надградбите во Франција ни донесоа оптимизација и сега учиме како да се подобриме. Ќе продолжиме со средување на болидот за да имаме посилни квалификации. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ