Батон не се согласува со тврдењата на Окон за колегите на Алонсо

Естебан Окон изјави дека нема возач кој бил колега на Фернандо Алонсо и бил подобар против шпанецот од него освен Луис Хаимлтон, но Џенсон Батон не се согласува со тоа.

Лани многумина се плашеа дека французинот како колега на Нандо ќе биде уништен со оглед на историјата на колегите на двократниот првак. Иако Фернандо во моментов води пред Естебан во поредокот, двајцата возачи се “егал“ на квалификациите, но Окон беше тој кој испорача победа лани на Хунгароринг.

Досега годианва, Окон одлично се носи со колегата, но падокот смета дека тој е под нивото на Макс Верстапен, Шарл Леклер и Ландо Норис.

не се согласувам со естебан – кусо напиша батон на твитер.

Во заедничкиот престој во Мекларен Хонда пред седум години, двајцата возачи беа заедно на дното од поредокот, иако британецот освои 5 поени повеќе во 2015 година, а следната сезона 33 поени помалку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ