Доменикали: ФИА мора побрзо да ги проверува буџетите

Стефано Доменикали, Главниот извршен директор на Формула 1, побара од ФИА многу побрзо да врши анализа и да излезе со резултати од следењето на финансиските правила, односно од буџетското пречекорување.

Лани Ред Бул беа казнети поради прекумерно трошење о 2021 година, но долго се одложуваше официјална потврда за тоа иако на крајот малиот престап кој тимот го направил ги чинеше 7 милиони долари и намалено време за развој сезонава. Но, од првичните шпекулации до официјалната објаа од страна на ФИА мина многу време, а Хорнер беше толку нервозен што се закани со тужби доколку се продолжи со непотврдените информации.

финансиските правила се многу важни и проверките за следењето на правилата мора да бидат многу брзо спроведувани. мораме брзо да реагираме и носиме одлуки за кредибилитетот на спортот – посочи доменикали.

Но, италијанецот призна дека проверките на буџетите траат долго и во други тркачки серии.

обрнавме внимание и го дискутиравме и тоа со фиа. мораме да се осигураме дека проверките и одлуката се прават многу побрзо затоа што треба соодветно да се менаџира во најкус рок за да се задржи кредибилитетот на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ