Доменикали е отворен за разговор со Макрон

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, би сакал да зборува со францускиот претседател, Емануел Макрон, за потенцијално заживување на трката во Франција. 

Пол Рикар и последната жртва на промените во Формула 1 со намалување на традиционалните европски трки. Зад сцената, Доменикали изјави дека таквите патеки би можеле да се вратат на календарот со ротирачки трки. 

МОжеби Спа или Австрија, дури и Имола би се менувале со нас. Се е на маса – велат од ле кастеле.

На крајот, Доменикали во Мајами изјави дека би разговорал отворено за ситуацијата со претседателот на државата, Макрон. 

Доколку претседателот Макрон сака да зборува, јас сум тука. Доколку француската влада е отврена за дискусија, јасно е дека Формула 1 нема да и каже не на Франција, Но во моментов нема интерес од владата и промотерите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ