📷 Мекларен со нови шари во Монако, посветени на тројната круна

Мекларен објавија дека Гранд При трката во Монако и Шпанија ќе ги возат со специјални шари кој ќе ја потенцираат освоената тројна круна од нивна страна како дел од прославата на 60-годишнината од своето постоење.

Следните две трки, МЦЛ60 возен од Ландо Норис и Оскар Пиастри, ќе има шари кои ќе потсетуват на славните успеси на Индијанаполис 500, Гранд При на Монако и 24 часа Ле Ман. Победа на сите тие три трки е позната како врвно моторспорт постигнување тројна круна.

Иако оваа круна повеќе е признание за возачи, Мекларен во 1974 година победија на Индијанаполис 500 со Џони Рутерфорд, десет години подоцна Алан Прост им донесе триумф во Монако, додека во 1995 година нивниот Ф1 ГТР триумфираше на 24 часа Ле Ман.

Победникот на Ле Ман не беше фабрички Мекларн тим туку имаше персонал на Мекларен и во негова чест се црните делови околу носот и предното крило на болидот. Централниот дел е бел во чест на Алан Прост и неговиот успех низ Кнежевството. Препознатливата папаја портокалова е за американскиот успех.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ