Гасли збунет од стратегијата на Алпин

Пјер Гасли остана разоочатан и збунет од стратегијата на Алпин и нивната одлука да му наместат нов сет мазни гуми буквално пре да почне дождот во Монако.

Французинот стартуваше од 7мо место на тврди гуми, но откако останатите влегоа по свежи пневматици, тој напредуаше, а кога влезе во бокс во 44от круг, беше 3ти. Возачите добиваа информација дека се очекува дожд, но наместо Алпин да почекаат уште некој круг за да му дадат интермедиа, тие го викнаа на нов сет мазни гуми, така што кога дождот се интензивираше, мораше повторно да менува.

Иако заврши на 7мо место, а остана задоволен од подиумот на својот колега, Гасли е свесен дека можел многу повеќе.

морам да кажам дека сум разочаран и збунет затоа што нев на 3то место, имав одлични кругови и знаевме дека дождот наближува. бев во совршена состојба за долга серија и потоа промена н интермедиа доколку имаше потреба за тоа.

им кажав преку радиото дека сакам да останам долго и да ги искористам услогивте и гумите, но ме повикаа во бокс, а по два круга почна да врне. мораме да ревидираме и да сфатиме зошто влегов во бокс затоа што можев до 3то или 4то место на крајот и уште поени за екипата.

не сакам да бидам фрустриран и незадоволен затоа што беше одлична трка за тимот со подиум, но имаме уште неколку работи да ги подобриме, ќе биде подобро слендиот пат – најави тој.

Пјер призна дека ќе било многу тешко ако останел со мазните гуми и кога дождот се поавил над Монте Карло.

беше возбудливо, имаше многу мал грип, видливоста беше мала, сини знамиеа насекаде, букваон лавиринт. дури и со 5та брзина тркалата вртеа во место на нагорнината, така што беше тешко, но ме потсети на минатата сезона.

еден круг кога излегував од 5та кривина насетив дека може нешто лошо да се случи. во зависност од тоа каде сте на патеката, имаше суви и многу мокри делови така што беше зезнато.

ако одите по сувите делов ја сушите и гумата, а кога ќе минете по мокрите делови, станува претерано лизгаво. дадовме се што можевме, ги разделив двете ферари, а можевме и повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ