Вебер: Луѓето мислат дека уживав во маките на Фетел

Поранешниот Формула 1 возач и колега на Себастијан Фетел, Марк Вебер, изјави дека е погрешно мислењето на луѓето кои сметаат дека тој ужива да го гледа Себастијан Фетел како се мачи. 

Во последните години со Ферари, германецот почна да заостанува и тој го напушти тимот заминувајќи во Астон Мартин. Вебер се надева дека трансферот ќе му помогне, но сепак Фетел сеуште се мачи на квалификациите и на трките. 

Мислам дека самодовербата му е на ниско ниво. Времето во Ферари не му помогна. Спортот ги става на тест сите, а тестот кај него трае долг период.

Мислам дека болидите не му одговараат. Тој сака болиди со многу грип и потисна сила. Се сеќавате на Монца со Торо РОсо, Тоа беше неверојатно и тој им избега на сите.

Со помалку грип и со Пирели, но болидите и правилата не му одговараат. Тоа му е проблемот. Мислам дека ѕвездите му се наместени на Хамилтон кој е силен цело време. Фетел многу се умори во Ферари – смета австралијанецот.

Вебер и Фетел помоинаа заедно пет години во Ред Бул каде Фетел освои четири последователни титули. Во последната година заедно имаа неколку проблеми откако Фетел одби да послуша тимска наредба и му ја зема победата на Вебер. 

Не ми се допаѓа што луѓето мислат дека сум среќен што тој пати. Сакам да го видам да е добар како порано, Но тоа е Формула 1 и не може да се жалиме. На врвот се слават возачи како Норис, Леклер или Макс. Доколку си возач кој е на крајот на кариерат и се мачиш, тогаш зборуваат за тебе. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ