DVAG, легендарниот спонзор на Шумахер, се враќа на гридот преку Мик

Силното партнерство кое Михаел Шумахер го имаше со Deutsche Vermögensberatung (DVAG) е пред враќање на гридот, овој пат преку неговиот син, Мик.

Франкфуртската компанија за финансиско советување беше спонзор на Михаел од 1996 година, а нивното лого го имаше на кацигата, но и на каплчето по кое Михаел беше препознатлив.

ДВАГ се долгогодишни пријатели на семејството, а го поддржуваат Мик и во неговите тркачки активности во јуниорските серии, продолжувајќи го тоа и во иднина кога младиот возач е стане дел од Формула 1 со Хаас.

блискоста на мик со дваг се гледа преку капчето кое секогаш го носи како негова основа опрема при секое појавување. логото ќе остане на неговата капа и во иднина, но за прв пат ќе се појавува во формула 1 – велат од компанијата.

дваг секогаш ќе биде мој прв партнер и горд сум што ќе го продолжиме нашиот однос и сорботка. горд сум што семејството шумахер се блиски пријатели на компанијата повеќе од 25 години.

горд сум што дваг ќе ме поддржуваат и во формула 1 затоа што вербата и лојалноста ми се многу важни и ценам тоа што тие и семејството похл се зад мене исто како што беа и зад мојот татко. заедно ја носиме соработката кон нови почетоци – најави мик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ