Хулкенберг гладен по првите поени

Нико Хулкенберг откри дека добри работи се случуваат во Хаас по силниот почеток н сезоната и неговите први поени, по што станал гладен за повеќе.

Германецот се врати во Ф1 со американската екипа по три годин без тркање, а за време на своето отсуство имаше одработени пет трки за Рејсинг Поинт односно Астон Мартин како замена.

На првите три трки, Нико два пати стигна до последниот квалификациски сегмент, а на последната трка во Австралија дојде до своите први поени преку 7то мето, иако по вториот рестарт беше уште подобро пласиран.

има многу позитивни работи од последната трка што ќе ги пренесеме во иднина и мислам дека многу убави работи ќе се случуваат наскоро, јас позитивно разислувам и гладен сум за повеќе.

навистина уживам да работам со тимот, да го истражам болидот, да експериментирам и на тој начин влегов во добар ритам и моментум. ќе го зачуваме и пренесеме тоа на следните неколку трки – најави хулк.

Германецот призна дека сега има високи очекувања откако болидот се покажал конкурентен од почетокот на сезоната.

одработив три трки, беше лудо и интересно како се разгалувам толку брзо откако два пати бев во к3 и освоив поени. кевин дојде до поен на џеда, јас во мелбурн и мислам дека тоа не е лош почеток на сезоната.

Како што одминуваат трките и километрите, тој објасни дека се чувствува поудобно во болидот.

јасно е дека на почетокот од сезоната бев многу насочен кон учење, ми требаше време, но сега сум задоволен и мислам дека има многу добри работи пред нас. поврзаноста со болидот е добра, сеуште раснеме, минаа само три трки, но стануваме се подобри што е убаво.

Тој откри дека средината на поредокот е многу густа што значи дека полесно може да се напредува, но и назадув.

има топ 4 или топ 5 екипи, не знам до каде се алпин, но потоа има пет екипи во средината на поредокот и нема повеќе некој што убедливо заостанува. сите сме во некоку десетинки, така што мала грешка носи големи последици, но и обратно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ