PSS Технички Преглед: Aстон Мартин веќе го промени подот

Астон Мартин Ф1 го промени својот болид од 2021 година со изменет под на првиот ден од предсезонското тестирање во Бахреин.

Астон Мартин беше можеби најотворениот од сите тимови во Формула 1 кога беше во прашање прмоцијата на нивниот нов болид.

Но откако новиот АМР21 се појави на патеката во Бахреин за почетокот на претсезонското тестирање, беше јасно дека тимот веќе направил промени, а на неговиот под беа прикажани интересни ажурирања.

Со цел да се вратат перформансите што се изгубија поради воведувањето на новите регулативи, постојат одредени делови од болидот што ќе треба да работат малку повеќе аеродинамички. Една таква област е делот од подот пред новиот дијагонален исечок.

Ако се споредат сликите од официјалната промоција со новиот под, може да се зебележи дека Астон Мартин веќе инсталирал нов под со ревидирани карактеристики.

Прво, работ на подот е третиран со дополнително контурирање, што создава неколку свитоци и бара клапите поставени погоре да бидат исто така дизајнирани на сличен начин.

Во меѓувреме, ребрастите перки поставени околу дијагоналниот исечок на подот и исто така се ревидирани, а нивната форма е променета и фреквенцијата е зголемена од три на пет.

Овие промени ќе помогнат да се повратат некои аеродинамички загуби поврзани со промените на правилата, бидејќи тие го пренасочуваат протокот на воздух низводно од областите што се директно погодени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ