Valvoline е нов партнер на Астон Мартин

Екипата од Силверстон потпиша ново партнерство со Valvoline.

Астон Мартин претстави специјална шара пред Големата Награда на Британија.

Новиот изглед ја слави новата соработка со Valvoline Global, која се приклучува на екипата од Силверстон како нејзин официјален партнер за мазива пред домашниот тркачки викенд.

Астон Мартин и Valvoline ќе соработуваат тесно заедно за да развијат производи што ќе ги зголемат перформансите и успехот на Ф1 тимот, истовремено помагајќи да се поттикне одржливоста за двете страни.

Астон Мартин и Valvoline Global се водени од желбата не само да се победи, туку да се оди уште подалеку – рече извршниот директор на Valvoline Global, Џамал Муашер.

Ова е почеток на моќно, динамично партнерство. Возбудени сме што ќе бидеме дел од патувањето на тимот и се радуваме на нашите заеднички успеси и иновации.

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, додаде:

Сите во Астон Мартин со задоволство го пречекуваат Valvoline Global како наш официјален партнер за мазива.

Од Британското Гран При овој викенд, Valvoline Global ќе обезбедува мазива докажани на трка за нашиот АМР23 за да помогне во развивањето на перформансите. Ова долгорочно партнерство со Valvoline Global, исто така, ќе биде од корист за нашето ново партнерство за енергетската единица со Хонда од 2026 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ