Абитебул заминува од Рено / Алпин

Рено официјално потврдија дека тимскиот шеф на нивната фабричка екипа, Сирил Абитебул, ќе ја напушти компанијата во пресрет на ребрендирањето во Алпин кое ќе се случи наскоро.

Долгогодишниот вработен во Рено е на чело на Формула 1 проектот од 2017 година, но ќе ја напушти компанијата по големите менаџерски промени кои ги спроведува Лука де Мео, Главниот извршен директор на производителот Рено кој дојде од Сеат, дел од Фолксваген групацијата.

Главен извршен директор на Алпин ќе биде Лорен Роси, Директорот за стратегија и деловен развој на Групацијата Рено, што значи дека ќе има контрола и над Формула 1 екипата и ќе му одговара директно на де Мео. Медиумите шпекулираат дека Марин Будковски, досегашниот директор во тимот, ќе го наследи Абитебул.

сакам да се заблагодарам на групацијата рено што ми веруваше сите овие години особено откако го вративме фабричкиот тим во спортот во 2016 година.

силните темели на тркачката екипа и сето она што беше напраено во фабриките во франција и англија минатите години, стратешкиот развој кон поекономичен и издржлив модел и скорешниот алпин проект се награда за динамиката и патеката по која одбравме да се движиме.

би сакал да му се заблагодарам на лука де мео што ме вклучи во создавањето на алпин деловната единица на која сакам да и посакам голем успех – изјави сирил абитебул.

На ова Лука де Мео додаде:

би сакал топло да му се заблагодарам на сирил за неговото неуморно работење и вклучување во овој проект како и водењето на рено од претпоследно место во 2016 година до подиуми оваа сезона.

неговата неверојатна работа од 2007 година ни дозовли да гледаме кон иднината со силен тим и нов алпин бренд и идентитет кој целиме да го освојува подиумот годинава.

Откако французите се вратија во спортот во 2016 годиан не успејаа да го повторат успехот кој го имаа од средината на 2000-тре години кога станаа двојни прваци. Годинава Даниел Рикардо им донесе два подиуми, а еден освои и Етебан Окон. Фернандо Алонсо, добро познатиот возач за екипата, пристигнува во тимот годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ