Абитебул засега е целосно посветен на улогата тимски шеф

Сирил Абитебул посочи дека по крајот на сезоната би заминал од позицијата тимски шеф на Рено, кои се ќе ребрендираат во Алпин Ф1.

На почетокот на годината, новиот извршен директор на Рено, Лука де Мео, ги негираше шпекулациите дека производителот си заминува од Формула 1. Наместо тоа, тој најави ребрендирање на тимот, кој ќе го користи името Алпин од 2021 година, но тоа не е единствената промена. Тимот исто така потврди дека Абитебул ќе го води новиот бизнис на Алпин, со повеќе одговорности од работна страна, по што би ја предал позицијата на тимски шеф.

Точната ситуација е што јас бев замолен од Лука де Мео да превземам дополнителни одговорности во структуирањето на Алпин како автомобилска компанија, како бренд, преку стратегија за производ, со бизнис модел кој е во рамки на Рено групацијата.

Тоа е мисија која ја започнав, во која ќе бидам неколку недели, а дел од резултатите ќе биде и структурата за која моментално не сакам да коментирам повеќе. Тоа што можам да ви кажам во однос на мисијата е дека до крајот на сезоната сум целосно посветен на мојата улога како тимски шеф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ