Абитебул: За ребрендирањето ќе одлучи Рено

Шефот на Формула 1 тимот на Рено, Сирил Абитебул, откри дека отлуката за ребрендирање на екипата како дел од промоција на брендот Алпин е одлука која треба да ја донесе Главниот извршен директор на компанијата.

Абитебул е на чело на тимот кој има за задача да направи стратегија за промоција на брендот Алпин и таа улога ќе ја работи паралелно со своите обврски во Формула 1.

Одлуката да се промовира Алпин како спортски бренд на Рено ги подгреа шпекулациите дека французите ќе сакаат да го вклучат во своите моторспорт активности, дури и да го ребрендираат својот Формула 1 тим. Една од шпекулациите е дека од следната година ќе гледаме Алпин Рено на патеката.

прашањата околу ребрендирањето не се за мене туку тоа е корпоративна стратегија за која одговара главниот извршен директор. јас можам да кажам дека новиот конкорд договор носи стабилна плаформа и можност да имаме сигурна формула 1 во иднина.

начинот на кој ќе се користи новата платформа зависи од главниот извршен директор, но ние сме флексибилни во однос на сите брендови кои ги имаме.

рационализацијата на активностите на групата е тоа што во моментов е потребно за да се подобрат финансиските резултати и треба да го оптимизираме начинот на кој работиме, но пред се да дефинираме стратегија, но главниот директор е одговорен за тоа – изјави абитебул.

Сепак, Сирил откри дека Де Мео има големо очекувања од Алпин и поради тоа се очекува засилување на активностите во тој дел од групацијата.

во алпин треба цела организација, оддел за инженеринг и производство како и оддел за продажба и комуникации. тоа е тоа што јас сакам да го воведам и што го направив за формула 1 екипата, да направам инфраструктура за добра платформа.

Тој најави дека неговата улога во Алпин е времена и дека нема да бара откажување од раководењето со Формула 1 екипата.

во моментов му дадоа задача да спроведам структура за засилување на еден бренд, а не ми дадоа задача да раководам со брендот, тоа не е мојата работа. она што ми е доверено како задача делумно го работев во формула 1 екипата и не станува збор за никакво мое откажување од формула 1 проектот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ