Абитебул: Мора да бидеме подобри

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, сакаше многу повеќе од својот тим на Шпанското Гранд При кое француската фабричка екипа го заврши без поени.

Фабричката екипа освојува поени на сите трки оваа сезона, но на таа нивна серија и дојде крај откако Даниел Рикардо заврши на 11то место, а Естебан Окон беше две позиции зад него. Тимот имаше пад во перформансите по втората трка на Силверстон, а Сирил е разочаран затоа што лошиот резултат дошол на патека која е многу позната на сите екипи во падокот.

го завршивме првиот викенд без поени годинава и тоа не поради тоа што не се трудевме и не одработивме добро, а верувам и дека извадивме се што можеше од болидот едноставно, болидот не беше доволно добар за ваква патека. барселона е одличен тест за аеродинамичкаа ефикасност на пакетот така што знаеме каде треба да се подобриме.

имаме напредок во однос на зимата, но не доволно за да бидеме на чело од средината на поредокот. две десетинки заостаток на квалификациите вчера направија голема разлика и тоа се виде во трка.

не се оправдувам, требаше да бидеме подобри од ова што го покажавме. имаме јасна цел каде треба да се фокусираме и да го рабрзаме развојот на нови делови на болидот – објасни абитебул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ