Абитебул: Облогот за тетоважа беше “на пијано“

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, не е загрижен што ќе треба да се тетовира како резултат од облогот со Даниел Рикардо затоа што кладбата била тој да одлучи за големина и место, а австралијанецот само да дизајнот.

Францускиот шеф исто така откри дека облогот дошол на ланското Британско Гранд При откако испиле по неколку пива со возачот.

Кладбата и можноста да избере тетоважа за својот шеф подолго време го мотивираат Дани, а третото место на Ајфелското Гранд При му го донесе токму тоа.

секогаш се збунувам околу условите и не се сеќавам, но мислам дека тој бира дизајн, а јас локација и големина затоа што големината е многу битна. се додека јас имам за право да изберам големина ќе се носам со било кој дизајн што тој ќе го смисли.

тетовирањето не е мој стил, веројатно кога се обложивме, добро се сеќавам на таа ноќ на силверстон, беше четврток лани, а дани ми ја покажуваше својата најнова тетоважа. јас се заинтересирав како тетоважите стигнуваат на него, што му се случува во глава за да реши да се истетовира, а тој ми кажа дека буквално поминувап пред салон за тетовирање и му текнало да се истетовира.

јас бев тој кој предложи тетовирање со повод, ако стигнеме до подиум да се тетовираме заедно, но тоа беше по неколку пива, но јас ќе се истетовирам, јас сум човек од збор само ми треба време да одлучам за големина и локација – објасни сирил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ