Абитебул очекува посилен Окон во 2021

Тимскиот шеф на Алпин, Сирил Абитебул, очекува повеќе од Естебан Окон во 2021 година по едногодишното искуство во тимот.

Окон се врати во Формула 1 во 2020 годин со фабричкиот тим на Рено по една година пауза која ја помина како резервен возач на Мерцедес. Тој беше во сенка во поголемиот дел од сезоната на Даниел Рикардо, а само успеа да биде подобар на последната трка во Абу Даби. Окон освои само 62 поени во однос на 119те на Рикардо и се пласираше на седум позиции позади австралијанецот.

Со Даниел видовме кои се погодностите од втора сезона наспроти една. Се надевам дека моментумот од подиумот кои го имаше ќе го направи посилен и ќе може да испорача повеќе во 2021 година. 

Ние сме екстремно удобни со нашиот возачки тандем согласно ситуацијата во тимот и тоа што треба да се постигне.

Фернандо знае дека единствен начин да се победи е да се планира однапред и 2021 година ќе биде интересна сезона со баланс за 2022 година.

Ние сите заедно, со Фернандо, целиме кон 2022 година, а тој разбира дека ќе биде целосно дел од тој процес и тоа патешествие – најави сирил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ