Австралија не сака ротации во календарот

Челниците на Австралиското Гранд При не се заинтересирани во ротации на Формула 1 календарот во иднина.

Пред минатата година, Авсралија беше присутна во Формула 1 секоја година од 1985 година, но пандемијата има ја прекина таа одлична серија. Последните две години Алберт Парк не е домаќин на трка поради корона вирусот, но ако се биде како што треба, патеката се враќа во каледнарот следната година кога спортот ќе има дури 23 трки на програмата.

Многумина во паокот сметаат дека календарот треба да има најмногу 20 трки, некои да бидат секоја година, но некои да ротираат помеѓу различни земји домаќини.

Ендру Вестакот, Главниот извршен директор на Австралиската Гранд При Корпорација, смета дека трката треба да има свое место секоја година во Формула 1 и не сака принцип на ротација.

ротацијата може да биде добра кај автодромите во европа, но ние веруваме дека континуитетот и годишната природа на настанот е тоа што нас ни треба. постои ниво на одговорност и разбирање во врска со тоа што настанот прави на нашиот екосистем. така, чекање на трка секоја втора година не е во нашиот план, сакаме трка секоја година затоа што истата е многу важна за државата викторија – посочи вестакот.

Австралијанецот посочи дека постојат шест области кои носат корист од годишната Формула 1 трка во Мелбурн.

прво е економската корист, второ е брендирањето, трето туризмот, четврто е да се биде дел од масовен календар со врвни настани. имаме четири големи настани секое годишно време, тенискиот гренд слем, афл фудбалот, пролетниот карневал на тркачкиот клуб со коњи и секако гормула 1 настанот.

постои таканаречена индустрија на настани кај нас која е многу жива и успева да испорача врвни настани од светски калибар со оглед на можностите кои ги имаме.

петта точка е граѓанската гордост, луѓето кои живеат овдека се горди што може да имаат толку врвни спортски настани. последна точка е ефективноста на настаните, деловната сорботка и бизнисот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ