Австралија работи на носење гледачи следната година

Австралиската Гранд При Корпорација, главниот организатор и промтер на Австралиското Гранд При, работи заедно со локалната Влада и здравствените власти на план за трката во Мелбурн следната година да има посетители и гледачи.

Настанот во Мелбурн веќе е потврден за 21 Март и отворањето на сезоната и покрај тоа што Австралија е силно погодена  од пандемијата, додека градот имаше по 700 новозаразени. Од Јули до сега градот е блокиран, на моменти забрането е излегување надвор од дома и по 23 часови во текот на денот, но рестрикциите се облабавиле во последно време.

Но, силните рестрикции вродија со плод, така што Мелбурн веќе 10ти ден по ред нема новозаразени. Поради сето тоа кај организаторите постои оптимизам дека следната година ќе организираат “колку – толку“ нормална трка во главниот град на државата Викторија.

воодушевени сме што формула 1 повторно ќе ја започне сезоната во својот традиционален дом, тука во мелбурн. продолжуваме непосредно да работим со здравствените власти и владата на викторија за развој на план за присуство на публиката на трката и плановите ќе бидат објавени кога ќе бидат финализирани.

работиме по разумен и флексибилен пристап за да осигураме безбедна околина за сите фанови и сите присутни, тоа е наш приоритет.

нашиот огромен паркинг од 10,6 километри е совршено место за да се создаде зона безбедна од ковид – изјави ендр вестакот, шефот на промотерите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ