Агаг: Сега е шанса да се намали буџетот на Ф1 тимовите

Шефовите на Формула 1 сега имаат посебна можност да го намалат буџетот на 75 милиони долари годишно, смета првиот човек на електричната Формула Е тркачка серија, Алехандро Агаг.

Деновиве треба да се водат разговори за намалување на буџетот на тимовите од моменталните 150 милиони долари, а Агаг верува дека сега е шансата за уште поголемо намалување. Тој верува дека спортот треба да има поголема слобода согласно новиот Конкорд договор кој треба да се потпише.

Мислам дека спортот има шанса. Посбено Формула 1 кој има огромна шанса за нов бизнис модел. ова е шанса да се изедначи и наградата.

Слушам и за буџет од 125 милиони  долари годишно, но мислам дека 75 милиони долари годишно е одлична можност.

Сега е моментот за новиот договор и да не и се наштети на Формула 1 и малите тимови. Разликата е огромна и сега е шанса за новости – смета агаг.

Жан Тод минатата недела изјави дека 300 милиони долари е преголем буџет за топ тимовите.

Секоја катастрофа и криза излегува на добро. Сега има шанса да ги поправиме работите, Но Формула 1 стигна далеку и веќе мора да се врати на земја.

Агаг смета дека најголемиот проблем помеѓу приходот на големите и малите тимови е многу различен. Тој смета дека Тод мора да притиска за нов договор за да се промени моторспортот.

Мислам дека не е нормално тимовите да имаат толку голема разлика во наградниот фонд Споредено со Премиер лигата каде речиси и да нема разлика меѓу наградниот фонд.

Сега мора нов договор и нова шанса. Доколку луѓето не сфатат дека се било погрешно до сега, Шансата е сега да се искористи.

Агаг признава дека не е запознаен со разговорите, но се надева дека ќе има различен пристап.

Мислам дека Формула 1 ја водат способни луѓе и сигурен сум дека размислуваат за овие работи. Сигурен сум дека ќе има големи промени во бизнисот. Ова е интересна можност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ