Адреас Сеидл станува Главен извршен директор на Заубер

Актуелниот тимски шеф на Мекларен, германецот Андреас Сеидл, ќе стане нов Главен извршен директор на Заубер од Јануари следната година.

Фредерик Васур најпрво најави дека ќе ја напушти таа функција како и улогата на тимски шеф во Алфа Ромео за потоа да потврди дека ќе биде прв човек во Ферари година. Тоа остави простор за Сеидл да го превземе Заубер кои ќе станат фабрички Ауди од 2026 година и најави дека веднаш се фаќа со работа да најде нов шеф за тркачката екипа.

Сеидл има претходно искуство во Заубер како главен инженер на патека неколку години додека беа во соработка со БМВ. Потоа освои неколку ВЕЦ титули со Порше како тимски шеф пред да стане дел од Мекларен во 2019 година.

одлично е што ќе станам дел од заубе групацијата во јануари, екипа со многу богата историја во формула 1 и организација која многу добро ја познавам од моето време поминато во хинвил, тоа беа четири години.

нетрпелив сум да се приклучам на екипата и да работам со сите колеги на амбициозните цели кои ги имаме пред нас. сакам да му се заблагодарам на фин раусинг и сите во заубер на нивниот избор. нетрпелив сум да им се оддолжам за довербата која ја имаа во мене – изјави германецот.

Претседателот на Заубер, Фин Раусинг додаде:

ми претставува огромно задоволство да му посакам на андреас сеидл враќање во хинвил како главен извршен директор на групацијата. неговото искуство кое ќе го донесе кај нас е огромно и со него имаме јасна цел за одржлив успех.

тој ќе превземе компанија која е во раст, а во исто време ја дели и нашата посветеност да го задржиме тој раст и развој. нетрпелив сум на долги години заеднички успех.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ