Албон бесен на тактиката од квалификациите на Алонсо

Александер Албон посочи дека Фернандо Алонсо требало да биде казнет откако претходно го обвини возачот на Алпин дека возел претерано бавно на крајот на првиот квалификациски сегмент.

По сударот на Ленс Строл на крајот од првиот квалификациски сегмент, возачот на Вилијамс беше еден од оние на кои очајно мнгу им требаше круг за да го подобрат својот пласман, но во таа своја трка беше блокиран од возачи на кои не им требаше воопшто да излегуваат на патеката и да возат.

Фернандо Алонсо беше на чело на колона возачи кои ги забави, слично како на трката во Монако пред две недели пред да излета крај 15от свиок и да биде минат од оние зад него. Албон беше елиминиран пораид жолтото знаме кое шпанецот го предизвика и потоа беше гневен на него преку радиото затоа што намерно направил така.

мора да добие казна овој алонсо, мора. ова е смешно. цел кру не забавуваше намерно, а потоа беше јасно дека намерно излета за да донесе жолто знаме. многу рано кочеше тоа се виде, намерно отпушти и излега, смешно е – незадоволен беше албон.

Стјуардите не објавија дека ќе истражуваат било што во врска со возачот на Алпин, така што Алекс ќе стартува од 17то место на утрешната трка што всушност се 4ти најдобри квалификации за него сезонава иако овој пат сметаше дека можел многу повеќе

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ