Албон за своето оштетено крило: Изгледаше како да го изгризало куче

Александер Албон имаше контакт со Оскар Пиастри од Мекларен на првиот круг од Гранд При трката низ Баку пред да го заврши настанот на 12то место.

Британецот со тајландско потекло по трката посочи дека неговото крило изгледало како да го изгризало некое куче по сударот со портокаловиот болид. Албон отиде прешироко во втората кривина во борбата против Пиастри и Ботас, така што со предното крило закачи во задниот лев дел на МЦЛ60 Мекларен.

Штетата му ги ограничи перформансите во текот на трката во која претекнувањето беше луксуз така што финишираше позиција зад Пиастри и пет секунди пред Јуки Тсунода.

беше троен дуел, оскар имаше болид десно од себе, таму беше ботас и немаше простор никаде да се тргне, а јас бев блиску до него.

никој не беше виновен, толкава е патеката, јас бев скроз цо лево и ако отидев повеќе ќе удрев во оградата, така што не сакав да наштетам на никого.

имав оштетено предно крило остатокот од трката, страничната плочка ја немаше и сето тоа ја уништи аеродинамиката и протокот на воздух. крлото изгледаше како некое куче да изѕвакало се од него и не е ни чудно што губев толку време – посочи алекс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ