Албон искрено: Капито не беше само шеф, туку и вистински пријател

Алекс Албон беше полн со пофалби за својот веќе поранешен шеф од Вилијамс, Јост Капито, велејќи дека германецот не бил само одличен тимски шеф, туку и фантастичен пријател.

Токму Капито му даде шанса на британецот со тајландско потекло да се врати на гридот во пресрет на оваа сезона откако беше ставен како резерва на Ред Бул од крајот на 2020 година. Јост објави дека “во пакет“ со техничкиот шеф Франсоа Хавиер Демаисон заминува од тимот, а негова замена сеуште нема потврдено.

имавме само една заедничка година во работа, но во тоа време тој не ми беше само тимски шеф туку и одличен пријател. благодарам јост за тоа што ми веруваше и за огромната поддршка која ми ја даде. ти посакувам се најдобро во иднина – напиша албон на  социјалните мрежи.

Следен колега во тимот на Албон ќе биде американецот Логан Сарџент, возач на кој исто така Капито му даде шанса да си ги освои потребните поени и да вози во Формула 1.

јос ти благодарам што веруваше во мене во текот на моите денови во академијата на вилијамс и ми помогна на мојот пат до формула 1. ти ми дде можност да го покажам мојот потенцијал и да се тркам во формула 2. ти си фантастиен лидер на тимот и ти посакувам се најдобро каде и да одиш во иднина – напиша сарџент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ