По Албон во Канада, Сарџент ќе ги добие надградбите во Австрија

Возачот на Вилијамс, Логан Сарџент, ја пропушти можноста да освои поени на Гранд При на Канада поради откажување, но Алекс Албон докажа дека надградбите функционираат според планот за тимот од Гроув.

Вилијамс ќе ги вгради своите нови надградби на болидот на Логан Сарџент во Австрија, откако пакетот добро функционираше за тимот во Канада.

Алекс Албон постигна највисоки поени за тимот на сува трка од 2017 година, кога заврши на седмото место по заслуга, пласирајќи ги пред АлфаТаури во шампионатот за конструктори.

Без таа надградба, уверен сум дека немаше да освоиме бодовите во трката.

Тоа е навистина доказ за посветеноста на тимот на овогодинешното првенство и нашите идни првенства – изјави Воулс, тимскиот шеф.

Вилијамс планира да му даде на Сарџент надградба на болидот на следната трка во Австрија според Воулс, откако Американецот доживеа разочарувачко откажување поради необјаснет проблем по неколку круга во трката.

Воулс верува дека Ред Бул Ринг помалку ќе му одговара на тимот, но е убеден дека ставањето на Сарџент на истата спецификација ќе им даде можност да го максимизираат потенцијалниот број на поени.

Од тука сега одиме во Австрија, патека што ќе ни одговара малку помалку, но со добро функционирање на овој болид, нашата намера е да го доведеме Логан на истата спецификација за да можеме да ги максимизираме бодовите што можеме да ги постигнеме – додаде тој.

Сарџент допрва треба да освои поени во Ф1 во својата дебитантска сезона, а неговиот највисок финиш досега беше 12то место на Гранд При на Бахреин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ