Алези го објасни своето апсење

Откако беше уапсен за палење огномет во канцеларија на својот поранешен зет, Жан Алези откри дека имал неверојатно попладне во полициска станица. 

Поранешниот возач на Ферари, неговиот син и пријател, беа уапсен откако запалиле огномет во канцеларијата на неговиот поранешен зет. Тој ќе треба да се појави на суд во Јануари 2023 година и конечно даде своја изјава за инцидентот. 

Се беше шега. Не верував дека ќе се случи толкава штета. Го купив огнометот во Италија на бензинска пумпа и си рековме со пријателите ајде да го пробаме. Го фрливме пред канцеларијата и не верував дека ќе се случи ова.

Не сум лут на него и секогаш сме имале добри односи. Јас отидов сам во полиција за да ги појасниме работите. Мислам дека беше несреќен случај. 

Алези беше задржан во притвор во текот на ноќта и полицајците изјавија дека бил збунет. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ