Алези: Франција сака ротациска трка

Најновите гласини од Формула 1 велат дека две патеки може да се најдат на исто место на календарот и тоа дава надеж за откажаната трка во Франција на Пол Рикар. 

Веќе се зборува за враќање на Германското Гранд При, а сега и Франција размислува за истото. Новиот претседател на Пол Рикар, поранешниот возач Жан Алези, ја прифаќа таа идеја. 

Мислам дека сега во Формула 1 има ново прифаќање на начинот на кој функционира спортот. Има начин да се помогне да се заштедат пари.

Можеби Спа или Австрија и Имола ќе бидат наша алтернатива. Се е на маса, се е во игра – потврди алези.

Поранешниот возач смета дека Франција нема финансиски прублем туку политички. 

Денеска дури 32 земји бараат да бидат на календарот, а Има само 23 трки.

Порано Формула 1 мораше да ги моли, Но не е тоа случај со Франција. Имавме успешни трки и ги изненадивме политичарите. Не зборувам за регионот, но најверојатно е нормално на гридот да имаш крал и доколку не е тој тогаш да биде премиерот. Доколку немаме претседател е погрешно. Сите така создаваат слика за земјата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ