Алези: Политиката е виновна за пропаѓањето на Француското ГП

Новиот Претседател на автодромот Пол Рикар, поранешнито возач Жан Алези, откри дека ќе лобира кај Претседателот на Франција, Емануел Макрон, за оживување на Француското Гранд При, затоа што самата Формула 1 не е виновна што нема трка во земјата.

Оваа година ќе биде прва по 2018 кога нема да има Гранд При настан во земјата, откако четиригодишниот договор за организација истече и истиот не беше продолжен. Претходно, од 2009 до 2017 година, нивниот конкуренте, Мањи Кур, беше домаќин на тркачката серија.

проблемот на формула 1 со франција не е патеката, туку политиката. веројатно трката е единствено гранд при во светот на кое претседателот на државата никогаш не бил присутен на трибините да ја следи трката, освен еднаш на мањи кур кога франсоа митеран го посети настанот како дел од своја кампања.

проблемот не е патеката, туку желбата на земјата мојата работа како формула 1 амбасадор е директно да го поврзам спортот, тоа е јасно и гласно кажано и нема никакви отстапувања.

формула 1 веројатно има уште 32 земји во светот кои бараат свои трки во календарот. последната трка овдека лани беше многу популарна помеѓу луѓето и вистинска штета е што го загубивме настанот – посочи алези.

Големата награда на Франција е една од трките кои се возеа при првата Формула 1 сезона во 1950 година, но самите корени на настанот датираат уште од 1906 година.

француско гранд при изгледа убаво на формула 1 календарот, но ако немаме можност да го организираме, тоа ќе биде само поради фактот што земјата не е заинтересирана за моторспортот, а тоа е огромна штета. за формула 1 не е никаков проблем трка во франција, тие не се виновни за ништо.

дел од мојата нова работа е да побарам писмо до претседтелот на франција, но не знам како тоа ќе се случи и ако се случи, тогаш мислам дека ќе имаме одлична шанса да ја вратиме земјата на календарот. тогаш, ќе бидам најсреќниот човек во светот.

алпин и рено се многу силни во моментов, но тоа не е поради франција, туку поради тоа што формула 1 е силна. ако одам во елисејскаа палата и разговарам со макрон, ќе биде многу корисно лобирање.

Автодромот Пол Рикар е сопственост на Славица Еклстон, поранешната сопруга на Берни, која се стекна со сопственоста како дел од спогодбата при нивниот развод.

бордот на пол рикар целосно се промени во однос на порано кога 20 години беа истите луѓе во раководството на патеката. новата насока изгледа одлично а мене како претседател. за мене да се биде претседател на пол рикар значи навистина многу и поради тоа со задоволство прифатив.

патеката е само 120 километри од авињон каде сум роден и како мал доаѓав да ја гледам трката и да гледам тестирање, така што мојат страст за моторспортот се создаде таму.

Своето Формула 1 деби Жан го имаше со Тајрел токму на Француското Гранд При кога доби можност да го менува Микеле Алборето и финишираше на 4то место иако тргна од 16та позиција.

тој ден беше неверојатен ден во мојот живот, јас бев центарот на вниманието. тоа место е многу посебно за мене, тоа ми ја разгоре желбата да бидам во формула 1.

имаме 280 денови активност на патеката, за оваа година сме целосно пополнети, патеката е многу богата, има пари, има огромен приход, одржуваме трки со спортски автомобили, мотори, национални првенства, дури и италијански првенства која го користат автортомот. зафатени сме и имаме работа, но гламурот секогаш е формула 1 и гранд при.

многу екипи од гридот доаѓаат на тестирање затоа што патеката е многу користна со долгите правци и асфалтните делови за излетување. нудиме и можност за тестирање на гуми со нашиот систем за влажнење на патеката, а времето секогаш е убаво.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ