Алеси во ГП3 трета година по ред

Џулиано Алеси ќе остане во тимот на Тридент во ГП3 серијата и трета година по ред ќе се обиде да го освои шампионатот. 18-годишниот син на поранешниот Формула 1 возач Жан Алеси дебитираше во 2016 година и освои само еден единствен поен таа сезона. Сепак, лани победи на три трки и беше втор возач по бројот на победи во сезоната која ја заврши на 5то место и најдобар возач кој не вози за АРТ.

Многу сум среќен и задоволен што останувам во Треидент во ГП3 серијата и во 2018 година. Работев напорно со тимот и со Академијата на Ферари последните неколку сезони. Моја цел е да ги наградам со некои фантастични резултати и подготвен сум за одлична сезона – најави Алеси.

Сезонава ќе биде четврта за младиот французин во спортските едноседи, откако пред ГП3 серијата мина сезона во Француската Формула 4 серија каде дојде од картинг.

Маурицио Салвадори, првиот човек на Тридент, е задоволдн од тоа што Алеси ќе остане во тимот и претстојната сезона.

Пресреќни сме што можеме да објавиме продолжување на соработката со Џулиано Алеси. Тој е фантастичен и многу професионален возач со брилијантна иднина пред себе. Наш приоритет ќе биде да го поддржиме и целосно да му се посветиме за остварување на неговите амбициозни цели.

Дека младиот Алеси е на вистинската патека смета и неговиот татко, Жан Алеси.

Очекувам добри резултати. Работата со Академијата е гаранција дека тој ќе работи систематски без да избрзува во ништо.

Џулиано мора годинава целосно да се посвети на ГП3. Ако сака Формула 1, тогаш може да влезе во онаа што ја имаме дома и јас ќе го сликам. Ќе легнам пред излезот од боксовите доколку скоро го седнат во Формула 1 болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ