Астон Мартин превзема уште еден член од Ред Бул

Само една недела откако Астон Мартин објавија дека шефот за аеродинамика на Ред Бул, Ден Фалоус, ќе му се приклучи на тимот како нов технички директор кога ќе му истече тековниот договор, сега објавија дека го довеле и Ендру Алеси.

Новата улога на Алеси во Астон Мартин ќе вклучува водење и управување со одделот за аеродинамика на тимот. Тој започнува да работи за тимот уште во Четврток.

Директорот на тимот на Астон Мартин, Отмар Шафнауер изјави:

Пред две недели објавивме ангажирање на Лука Фурбато за наш нов директор на инженеринг, кој ќе започне да работи за нас во догледно време.

Минатата недела беше објавено и претстојното доаѓање на Ден Фалоус како наш нов технички директор. Денес, Ендру Алеси е додаден на импресивната листа на наши високи техничко-инженерски вработувања, како шеф на техничките операции. Нашиот тим е одличен и од секогаш бил.

Многу пати оваа година сме рекле дека Овој тим од секогаш се подобрувал, сега има тежина со која би притиснал посилно.

Тоа е апсолутно точно и стручните и искусни нови пристигнувања како Лука, Ден и сега Ендру претставуваат доказ дека ја градиме техничката и инженерската сила со длабочина што ни треба за да го испорачаме тој притисок.

Алеси рече дека неговата одлука да го напушти Ред Бул и да се пресели во Астон Мартин е поттикната од неговото верување дека тимот од Силверстоун ги поставува темелите за да биде успешен.

Како и сите во и околу Формула 1, јас видов и бев импресиониран од очигледна амбиција на тимот во кој се приклучувам, предводен како што е сега од Лоренс Строл и многу се радувам на соработката со Отмар Шафнауер, како и на многу способни технички и инженерско фокусирани членови на тимот.

Сега е фантастично време да се приклучам на тим кој расте брзо и јас сум подготвен веднаш да придонесам во процесот на правење на значителни аеродинамички и оперативни подобрувања што ни требаат со цел да победиме постојано во иднината – изјави алеси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ