Алеси со предлог за границите на патеките

Поранешниот Формула 1 возач, французинот Жан Алеси, смета дека било кој возач кој со четири тркала ќеги надмине границите на патеката треба веднаш да биде казнет.

На првата трка од календарот, Бахреинското Гранд При, шампионот Хамилтон дури 29 пати ги прекршил границите на патеката во спорната кривина број 4, но во сите од тие прекршоци мина без казна. Дојде моментот ког Макс Верстапен го мина од надворешниот дел од патеката и веднаш му беше наредено да ја врати позицијата за да не добие казна.

гледачите не разбраа што се случи при тој дуел помеѓу хамилтон и верстапен. за мене потребно е многу поголема јаснотија и ако возачот со четири тркала излезе надвор од границите на патеката, тој веднаш треба да добие казна – предлага алеси.

Доколку Макс не ја вратеше позицијата на Луис, согласно правилата можеше да добие најмногу пет секунди казна, но Жан предлага казна со минување низ бокс за прекршување на границите.

по трагедијата во која антоан хубер го загуби животот на спа, јас дадов идеја да се санкционираат клучните кривини на патеката затоа што секоја патека има такви. места каде не смее да се пресекува или да се минува прешироко. без разлика дали возачот ќарува од тоа или не, мора да добие казна доколку сите четири тркала му се надвор од патеката и тоа веднаш штом тоа се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ