Алеси дециден: Обратниот грид не е за Ф1

Поранешниот Формула 1 возач, французинот Жан Алеси, смета дека трки со обратен стартен редослед е нешто што треба да се применува во јуниорски категории, а не во Формула 1.

Откако таква идеја беше одбиена лани, повторно беше ставена “на маса“ за да се направат поинтересни вторите трки на Ред Бул Ринг и на Силверстон, но Мерцедес беше децидно против. Почеток од задниот дел на гридот сигурно ќе штети најмногу на “сребрените“.

обратниот грид е одлична идеја за тркачки категории како формула 2, формула 3 и формула 4, но не и за премиерната формула 1 – смета алеси.

Тој се потсети на минатото и неговата кариера за да потенцира како различните големини на моторите довеле до неизвесен грид и непредвидливи трки, но со модерните 1,6-литрени турбо хибридни мотори, нема повеќе различна големина на мотори.

ако се присетам на трките во мое време, имаше поголем технолошка слобода кај моторите. на почетокот на гридот имавте в12, в10 и в8 мотори, а на почетокот кога почнав да се тркам со тајрел и стартував од 5то или 6то место бев полесено отприлика 25-30 килограми од мекларен хонда или ферари.

мојот болид беше поконкурентен и се мешав на врвот со нив. за 15-тина кругови ги поминував сена и мансел, моите херои. сите мислеа дека сум поинаков, но јас само имав полесен болид. потоа тие почнаа да го трошат горивото, стануваа се побрзи се враќаа и ме претекнуваа, но трката беше екстремно интересна и секогаш нешто се случуваше.

денеска, сите имаат исти мотор, исти гуми, иста аеродинамика и многу е тешко да се направи разлика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ