Алисон очекува некои екипи да погрешат со новите правила

Главниот технички шеф на Мерцедес, Џејмс Алисон, очекува 1-2 екипи од овогодинешниот грид да “утнат“ со новите правила кои стапуваат на сила сезонава.

Во спортот се воведуваат огромни аеродинамички и техички промени во дизајнот на болидите со крајна цел полесно следење и претекнување во трка. Во новите правила, најслабите екипи гледаат огромна можност да се придвижат и напреднат.

Но, Алисон верува дека поради различна интерпретација на новите правила, нешто што секогаш било видливо во спортот, годинава ќе биде тешка.

мислам дека со оглед на тоа што се работи за целосно нови правил и болиди кои се многу различни, 1-2 екипи многу ќе погрешат и ќе тргнат во лоша насока. многумина од нас ќе ги тргнат на страна, барем за сега, работите кои не ги разбираат и не може со сигурност да ги предивдат и сигурен сум дека кога ќе си ги погледнеме болидите ќе ни биде криво што не сме се сетиле на нешто што го има конкуренцијата.

потоа ќе има многу идеи како она што сме го виделе кај некој друг да го имплементираме на нашиот болид за да си ја подобриме првичната позиција и ако имаме среќа, да ги задржиме сите зад нас.

сезонава ќе биде чекање и брзање во исто време, дефинитивно никој не смее да се подзаборави во текот на сезоната – појасни алисон.

Мерцедес лани ја освоија 8та последователна конструкторска титуал од 2014 година и во тој период, за прв пат лани нивни возач не освои наслов во конкуренција на пилоти. Новиот болид е најавен да се презентира на 18 Февруари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ