Алонсо би се вратил на Дакар само за да победи

Фернандо Алонсо сеуште нема решено дали повторно ќе се обиде на релито Дакар, но сигурен е дека ако се врати во пустината, тоа ќе биде со намера да победи.

Двократниот Формула 1 шампион по крајот на кариерата во врвната моторспорт тркачка серија често експериментира во други категории, а последно беше двонеделникот настан кој годинава се одржа во Саудиска Арабија.

Релито беше целосно нова територија за шпанецот, но и покрај тоа успеа да го заврши најтешкиот настан на планетата на 13то место заедо со својот совозач Марк Кома за Тојота Газу Рејсинг.

На осмата етапа дури заврши и на второ место, а на 10та етапа имаше и силно превртувње неклку пати, но продолжи без последици.

Нандо вели дека настанот ги надминал неговите очекувања, но во иднина ако се врати, очекува да победи.

секој ден се чувствував дека сум конкурентен. на последната етапа имав дупната гума, но и покрај тоа завршив на 4то место и да не беше проблемот имав шанса да победам дента.

ако повторно се решам да се тркам на дакар, ќе имам огромни очекувања, не сакам да зборувам за тоа сега,  а оваа година сум среќен и се мина како што треба.

Логично е дека по волку конкурерентно прво искуство, ако во иднина се трка, ќе се обидам да победам тоа ќе биде одлично достигнување во кариерата.

има време за таква одлука, сакам презицни и детални подготовки со најдобрата опрема на располагање. ако го сакате тркањето, минување на празниците во тркање е одлично – најави алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ