Алонсо: Ботас можеше да биде петкратен шампион

Според изјавата на двократниот Формула 1 шампион, Фернaндо Алонсо, Валтери Ботас можел да освои пет титули. 

Алонсо и Ботас беа колеги на Хамилтон кој стигна до седум титули и шпанецот сега не го крие неговото гледање на работите за тоа како стигнал до титулите. 

Тој имаше многу среќа бидејќи имаше доминантен болид толку години. Шумахер освои седум титули, Луис исто и Верстапен е на патот да освои трета титула додека јас имам само две. За да бидеш шампион ти треба најдобар болид – свесен е нандо.

На прашање дали ситуацијата би била друга со различни возачи зад воланот тој одговори. 

Доколку имаше проблем во Мерцедес, Ботас ќе имаше пет титули. Тоа така оди. 

Алонсо се насмевна и за гласините за неговата нова девојка и тоа дека има врска со Тејлор Свифт. 

Мислам дека е смешно и иронично на социјалните медиуми. Вистина е дека живееме во различен свет со млади генерации кои следат Форула 1, Но возачите се повеќе политички и професионални во тоа што го прават.

Видов што мислат во моментот и како се чувствуваат. Мислам дека е поавтентично и луѓето го сакаат тоа. Јас го чувам мојот приватен живот раздвоено од професионалниот. Не сакам да го коментирам тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ