Алонсо во име на возачите: Ќе бараме појаснување за црвените знамиња

Фернандо Алонсо посочи дека Формула 1 возачите ќе побараат објаснување за неколкуте црвени знамиња развеани за време на Австралиското Гранд При.

Трката прв пат беше сопрена кога Александер Албон загуби контрола на 6та кривина од 9от круг, а потоа и на три кругови пред крајот кога Кевин Магнусен силно ја допре оградата по 2та кривина и имаше многу остатоци на патеката. Последното црвено знаме беше на само два кругови пред крајот кога рестартот донесе хаос и многу инциденти.

искрено бев многу изненаден од сите црвени знамиња. првото беше поради болид на вилијамс на 6та кривина, минавме зад безбедносно возило цел круг и имаше малку песок на патеката, но ништо претерано лошо за да се прекине трката – смета освојувачот на три подиуми на првите трки трки од календарот.

Сепак, тој е свесен дека контролата на трка на ФИА има повеќе информации одошто возачите, така што тие ќе побараат објаснување од сјуардите на следниот настан во Баку.

во болидот никогаш не може во целост да знаеме што се случува на самата патека. некогаш можеби некоја бариера не е соодветно поставена, затоа е тука фиа која има далеку повеќе информации од нас.

така, ако има црвено знаме, сигурно е поради некоја причина и дефинитивно ќе прашаме во баку која е причината за второто црвено знаме. знам дека имаше остатоци од тркалото  на правецот, но болидот беше многу на страна и мислам дека се беше доста безбедно.

безбедносното возило е токму за такви ситуации, но можеби стјуардите не сметаат така или пак имало нешто што јас не знам. како што реков, фиа е единствена која ги има сите информации за ситуацијата, им веруваме и ќе се обидеме да дојдеме до повеќе информации.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ