ВЕЦ: Алонсо втор на 6 часа Фуџи

Фернандо Алонсо со автомобилот број 8 на Тојота не успејаа од пол позиција да победат на трката 6 часаови Фуџи во ВЕЦ серијата. Наместо нив, триумфален беше екипажот на автомобилот со број 7, кој стигна на целта 11 секунди пред Алонсо и неговите колеги.

Алонсо, Накаџима и Буеми овој пат беа поразени од Кобајаши, Конвеј и Лопез, прв пат оваа тркачка суперсезона во атрактивната ЛМП1 серија.

На 3то место заврши возилото на Ребелиот возено од Андре Лотерер, Нил Јани и Бруно Сена.

Екипажот на Алонсо во моментов е во водство во конкуренција на возачи со 84 поени, додека вториот екипаж на Тојота заостанува 13 поени, додека јапонскиот производител води со 14 поени пред Ребелион.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ