Алонсо горд на Строл: Тој ќе го води тимот следните 15 години

Кариерата на Фернандо Алонсо дефинитивно е пред крај, но шпанецот е горд на својот актуелен колега, Ленс Строл, за кој смета дека ќе го предводи тимот следните 15 години.

Се чини дека тандемот на Астон Мартин има одлична соработка, на последната трка, Строл преку радио јави на својот инженер дека нема намера да се бори со Алонсо и да му создава притисок во ситуација во која ги бркаа Ферари и Мерцедес, а потоа Алонсо преку радио на својот тим му кажа дека нашол одличен баланс на сопирачките кои треба и Ленс да го користи.

многу разговараме во текот на викендите, така што ако почувствуваме нешто во болидот, без оглд на која сесија или трка, веднаш споделуваме, комуницираме преку тимот – откри нандо.

Фернандо веќе има 41 година и свесен е дека кариерата во Формула 1 му е пред крајот, но посочи дека неговиот 24-годишен колега ќе го предводи тимот уште долго.

знам дека ќе бидат во спортот уште само неколку години, не многу, а строл ќе остане да го предводи тимот следните 10-15 години така што се надевам дека ова заедничко време кое го имаме ќе му пренесам многу од моето знаење.

Претходно Алонсо посочи дека Ленс е шампионски материјал, а запрашан дали иа исто толку добро и позитивно искуство со свои претходни колеги тој потврди, но потенцираше дека радиото порано не било толку често прнесувано.

во минатото имав фантастична соработка со мои колеги, но радиото не беше така често пренесувано. годинава, не знам од која причина, формула 1 многу ме сака и пренесува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ