Алонсо загрижен за дополнителниот стрес од календарот во 2024

Календарот за 2024 година ќе се вози на 24 трки помеѓу Февруари и Декември.

Фернандо Алонсо е загрижен поради дополнителниот стрес што би можел да го создаде календарот на Ф1 во 2024 година за екипажот.

Распоредот на спортот рапидно се зголеми по дебито на возачот на Астон Мартин во 2001 година, кога 17 трки се возеа во календарот помеѓу Март и Октомври.

Но, со враќањето на Кина и Имола за следната сезона, Формула 1 конечно ќе ја постигне целта да ја заврши сезоната над претходниот рекорд од 22 трки до кој спортот се доближува оваа година.

Интересот за Ф1 експоненцијално порасна во последниве години со рекордна посетеност на патеките ширум светот, со нови дестинации кои сакаат да ги додадат своите имиња во календарот.

Додека хиерархијата на спортот сака да ги додаде новите дестинации во распоредот со цел да профитира од приходите и да поттикне понатамошен раст, класичните места се сметаат за витални за да се осигури дека базата на лојални фанови нема да се разочара од насоката во која се движи спортот.

Тешко е – изјави Алонсо за медиумите на прашањето за многуте трки во календарот пред Големата Награда на Британија.

Ги разбирам сите придобивки од 24 трки и причините поради кои се прават толку многу трки.

Има голем интерес за Формула 1 и побарувачката, па затоа е добро да се оди во нови земји и на нови патеки, оваа година ќе биде Вегас, пред неколку години беше Катар и одлично е да се отвори спортот за нови земји.

Има повеќе приходи за сите, па го разбирам тоа. Но, мислам дека за членовите на тимот, 18 мислам дека е добра бројка.

Повеќе од 18 или 19, почнувате да ги стресувате сите механичари, медиумите, сите се изнемоштени од Февруари до Декември.

Ние возачите ја имаме целата удобност и тие се обидуваат да се грижат за нас колку што можат за да не можеме премногу да се жалиме, но разбирам дека е тешко за сите други.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ