Алонсо загрижен од формата на Мекларен

Откако Мекларен се покажаа во летечка форма по Хунгароринг, Фернандо Алонсо признава дека тоа е грижа за него и за тимот на Алпин.

Алпин има четири поени повеќе од Мекларен во шампионатот за конструктори по Француското Гранд При, но судејќи според тоа како Мекларен започна во Унгарија, 4то место на Алпин може да биде под голема закана. Ландо Норис го пласираше својот Мекларен на второ место во Т2, две десетинки од најбрзото време на Шарл Леклер, додека Даниел Рикардо, беше малку поназад со нешто повеќе од четири десетинки зад Леклер.

Норис очекува Мекларен малку да назадува во позициите, очекувајќи Ферари, Ред Бул и Мерцедес да ги засилат своите мотори, но Алонсо сепак верува дека Мекларен изгледаат многу конкурентни. Запрашан од новинарите дали е загрижен за темпото на Мекларен, Алонсо одговори:

Да, мислам дека беа многу брзи денеска, Но тие беа навистина брзи и на Пол Рикар, па изгледа дека во последно време најдоа нешто што им помогна на нивните перформанси.

Значи, ние сме загрижени, но да бидам искрен, имаме толку многу работи што веќе се случуваат во нашиот тим што не ги разгледавме нив толку многу – откри шпанецот.

Сепак, Алонсо беше задоволен со неговиот Алпин A522 во петокот и неговата последна завршна позиција на шесто место. Тој е претпазлив за очекуваната промена на условите за Сабота и Недела, што може да има влијание врз резултатите од возењето во петокот.

Беше тежок ден да се разберат гумите со сите три соединенија, тие се однесуваат многу поинаку. Беше многу топол ден.

Прогнозираме дожд утре, можеби постуден ден во Недела. Значи, не сум сигурен колку информации или корисни информации добивме денес, но болидот се чувствуваше брзо, па среќен сум со пласманот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ