Алонсо задоволен: Само секунда сме зад совршен Ферари

Фернандо Алонсо посочи дека Шарл Леклер имал среќада дојде до подиум низ улиците на Баку затоа што Астон Мартин биле само малку побавни во викенд во кој имале проблеми споредено со совршениот Гранд При на Скудерија.

Леклер и Ферари ги освоија двете пол позиции викендов, како за спринтот така и за главната трка, но ШАрл загуби позиција од двата болиди на Ред Бул на Гранд При настанот, додека на спринтот беше минат само од Чеко Перез. Трката ја заврши 21 секунда од мексиканецот, но успеа да го задржи Алонсо на нецела секунда зад себе и да му уништи и 4та трка по ред со подиум.

Фернандо посочи дека само падот во температурата му помогнал на Шарл да ги менаџира своите гуми, нешто што е проблем на црвениот болид од почетокот на сезоната.

мислам дека имаа многу среќа затоа што деградацијата на најтврдите гуми беше помала од очекуваното. ставивме хард кога се појави безбедносното возило, тоа беше 38 кругови до крајот и тие издржаа одлично до крајот, но се појавија и облаци кои ја спуштија температурата.

мислам дека со медиум гумите, ферари имаа огромна деградација во првата серија. на вообичаена топла трка, ќе се мачеа далеку повеќе. денеска имаа добар ден, имаа среќа, но во мајами мислам дека ќе биде многу различно – посочи нандо.

Во врска со својот болид, тој посочи дека цел викенд се мачеле со ДРС системот и поради тоа жртвувале дел од сетирањето, но и така биле само малку побавни од Ферари.

заклучок е дека имавме тежок викенд со проблеми со дрс и сетирањето, така што не бевме никогаш брзи како што очекувавме, но и така бевме само секунда од подиумот.

ферари имаа совршен викенд, имаа пол позиција за двете трки и супер брз болид и со сето тоа беа само секунда побрзи од нас на крајот, така што мораме да бидеме среќни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ