Алонсо за Шумахер: Тој никогаш немаше лош ден

Една од најжешките теми во Ф1 падокот секогаш е онаа аз најдобриот возач на сите времиња, а за Фернандо Алонсо, нема сомнеж дека тоа е Михаел Шумахер.

михаел имаше своја упорност и желба да искористи секаква можност, а решителноста му беше просто неверојатна. михаел немаше лоши денови, никогаш не беше под перформансите на болидот и тоа ме импресионираше најмногу кога дојдов во формула 1, а особено кога се борев за титула со него – објасни нандо.

Шпанецот имаше само 24 години кога против својот херој од детството, Црвениот барон, ги освои двете последователни титули како возач на Рено и ја прекина доминацијата на Ферари и Шуми. На тој начин Нандо си заработи огромна почит од фановите.

претходно во мојата кариера и различните категории каде се тркав, моите ривали имаа лоши денови и таму користев најмногу, освојував најмногу поени. со михаел тоа не се случува затоа што тој и ферари најчесто беа непобедливи, но и кога немаше моќен болид, силни гуми и било што, работее оптимално и беше најмалку на 2ро или 3то место.

Пораншниот колега на Алонсо, Луис Хамилтон, се изедначи со Шумахер по бројот на освоени титули, но Фернандо вели дека двајцата се тешко споредливи.

долги години сметаме дека михаел шумахер е непобедлив и дека постигнал ниво и бројки кој никој во историјата на спортот не може да ги стигне, но сме виделе различни доминации во формула 1 и многу е тешко да се споредат.

дури и по лоши тренинзи и лоши квалификации, михаел во недела доаѓаше до подиум. беше неверојатно упорен, имаше желба да ја искористи секоја можност, да го сведе лоишиот ден на минимум, а добриот на максимум. неговата решителност беше тешко веројатна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ