Алонсо извозел 70 летечки кругови за да стигне до 6то место

Фернандо Алонсо се надевал дека ќе има топ 10 завршница во Холандија, но поради околностите и стратегијата морал да извози 70 летечки, квалификациски кругови за да ја постигне целта. 

Алонсо и Окон не влегоа во К3 на саботните квалификации и стартуваа од 12та и 13та позиција. Алпин не користеше медиум гуми и се одлучи за софт и хард и се чинеше дека нивниот план успеа посебно во средниот дел кога се менуваа гумите. 

Сигурно извозев 70 квалификациски кругови денеска и не се опуштив во ниту еден момент. Стартот беше добар, но загубив неколку место за кои подоцна жестото се борев да ги вратам. Кога ставив хард, морав да форсирам за да успеам. Последните 12 кругови беа најжестоки кога пак морав да притискам – опиша нандо. 

Алонсо имал многу работа во текот на трката, но сепак смета дека била една од најдобрите досега. 

Презадоволен сум. Немавме лесен викенд и успеавме да освоиме многу поени, повеќе од Мекларен. 

Алпин се наоѓа на 4та позиција со 24 поени предност пред Мекларен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ