Алонсо импресиониран од времињата на Џими Џонсон во Ф1 болид

Фернандо Алонсо истакна дека е мошне импресиониран од звездата на НАСКАР, Џими Џонсон и неговите перформанси во Формула 1 болид, откако двајцата ги заменија своите тркачки автомобили во Бахреин.

Двократниот шампион Алонсо го возеше автомобилот на Џими Џонсон од НАСКАР серијата, додека американецот имаше можност да го тестира болидот на Мекларен од 2013 година, МЦЛ-28, придвижуван од В8 агрегат.

Алонсо првично го возеше Ф1 болидот неколку кругови за да постави време за споредба од 1:40.204, пред да премине во НАСКАР автомобилот.

Џонсон постави време од 1:40.462 во текот на своето возење, само 2 десетинки побавно од најдоброто време на шпанецот.

Импресивно. Мислам дека се подобруваше во секој круг додека возеше.

Понекогаш имате нови пневматици на овие болиди за прв пат и не може да извлечете грип од нив … но тој успеа да најде екстра грип, повеќе од возможно и да постави време со кое јас сум импресиониран.

Тој го сфати сето ова многу сериозно.

Дојдовме за цел ден на тестирање, јас ставив четири сета на пневматици, мислам дека тој искористи три или четири сета, ги заменивме автомобилите, се забавувавме, но иста така сакавме да ја почувствуваме новата средина на репрезентативен начин и со брзина со која може да доживееме нешто што блиску до нашето секојдневние – изјави Алонсо.

Фернандо, кој ја заврши својата последна трка во Ф1 во Абу Даби, вели дека возењето на НАСКАР автомобилот на Шевролет било како “враќање во минатото“.

Мислам дека тие автомобили биле многу едноставни во однос на технологијата. Последен пат кога возев “H“ менувач беше во 1999 година, на трка за Нисан во Еуро Опен, така што беше како враќање во минатото.

Автомобилот беше многу моќен во однос на грип, беше забавно возејќи на патеката. Можеби со други автомобили од околу е поинакво чувство, но возејќи сам е многу забавно – додаде Алонсо.

Седумкратниот шампион во НАСКАР, Џими Џонсон, кој никогаш не возел едносед, призна дека бил запрепастен од брзината на Формула 1 болид.

Избезумен сум. Чувството на таа брзина …

Буквално, при првото возење, мојата кацига се тргаше од мојата глава, гледав во микрофонот во кацигата! Беше чувство на “не сакам да застанам, но можеби треба…“.

Успеав да ја контролирам кацигата и потоа навистина се фокусирав да гледам доволно пред себе и во свиоците.

При крајот навистина престанав да се фокусирам кон ознаките за сопирање и гледав кон свиокот и добив идеја кога да сопирам. Постигнав неколку добри кругови. Беше забавно.

Не знаев колку блиску можам да бидам. Тркачот во мене секако се фокусираше на тоа и постојано прашував “Кое е неговото време? Може ли да ги погледнам податоците и да се обидам повторно?“.

Тој ја имаше истата можност во мојот тркачки автомобил, да ги анализира податоците и да нападне. Искрено, на крајот на денот, мислам дека добив подобро искуство од него – вели Џонсон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ