Алонсо и честиташе на Хонда за титулата

Фернандо Алонсо нема добра историја со Хонда, но сепак им честиташе на јапонците за неодамнешното освојување на титулата со Макс Верстапен во конкуренција на возачи. 

Шпанецот жестоко ги критикуваше Хонда додека возеше за Мекларен поради слабиот мотор. Но сепак, тој нема лоши чувства околу нивната поранешна соработка и тој им честиташе на челниците на Хонда. Честитките ги прими Масаши Јамамото за кој поранешниот шампион изјави дека имаат добри односи. 

Најпрво на него му честитав во парк ферме, веднаш после Макс. Мислам дека менаџментот се промени. Завршија одлична работа и ги донесоа вистинските луѓе. Хонда има нова филозофија која им донесе успех – посочи нандо.

За четирите години поминати во Мекларен со Хонда мотор, тој немаше голем успех и подоцна тимот го промени моторот и почна да користи Рено од 2018 година. Хонда се здружи со Торо Росо таа година, а веќе наредната почнаа да го користат и Ред Бул. Алонсо замина на двегодишна пауза и оваа сезона се врати во Алпин. 

Кога Хонда го напушти Мекларен мислам дека не беа во можност да ја освојат титулата. Штета е што си заминуваат. Се надевам ќе се вратат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ