Алонсо: Казната на Строл беше многу сурова

Откако Ленс Строл доби бурни реакции за неговата вмешаност во несреќата со голема брзина во која учествуваа тој и Фернандо Алонсо на трката во Соединетите Американски Држави, Фернандо Алонсо чувствува дека казната за канаѓанецот била строга и дошла поради несреќен момент.

Двајцата возачи ќе бидат колеги во Астон Мартин следната сезона, а во Остин Алонсо и Строл имаа силен судар на задниот правец по рестартирањето на безбедносното возило. Без ДРС да му помогне на шпанецот во обидот за претекнување, Алонсо налета на задниот дел од задната лева гума на Строл, токму кога и двајцата возачи скршнаа налево на тркачката патека.

Строл потоа доби грид казна од три места за Големата Награда на Мексико поради предизвикување судир. На прашањето дали Алонсо разговарал со својот иден тимски колега за инцидентот, тој одговори:

Да, да, разговаравме по трката во неговата гаража, а потоа и во собата на стјуардите, бидејќи моравме да одиме таму.

Мојот поглед е ист по трката и ист во собата на стјуардите, исто и сега. Мислам дека тоа беше несреќен момент од трката. Се движиме истовремено, повеќе или помалку, налево.

Бевме многу блиску. Слипстримот го искористив до последен момент. Немаше ДРС во првите кругови по влегувањето на безбедносното возило. Значи, мислам дека тоа беше многу несреќен момент. На некој начин мислам дека неговата казна е многу сурова. Но тоа е што е.

Зачудувачки, болидот на Алонсо беше во доволно добра состојба за да може да се врати од последното до седмото место на крајот. Позицијата му беше одземена од страна на стјуардите по трката по протестот на Хаас кој укажаа дека неговиот болид не бил во доволно безбедна состојба за тркање. Алонсо доби казна од 30 секунди по трката што го исфрли од бодовите. Сепак, казната оттогаш е укината по жалбата на Алпин и неговото седмо место е вратено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ