Алонсо како мало дете, се да проба, па и НАСКАР

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, е заинтересиран да тестира во НАСКАР, но признава дека постои многу мала шанса за целосно да премина во американската тркачка серија.

За време на интервјуата во Шарлот, пред трката Ролекс 24 Часа викендов, Алонсо призна дека е голем фан на Дејтона 500, легендардната трка во НАСКАР првенството.

Тоа е трка која е една од најдобрите, едно од најлегендарните во светот. Од друга страна, НАСКАР е многу уникатна серија кадешто возачката техника е нешто сосема поинакво.

Менаџирање на сообраќајот, стратегијата, драфтувањето, буткањето, од една линија во друга – тоа е нешто што ми недостасува од моите способности за да се тркам во НАСКАР.

Ќе ми биде потребно многу искуство, многу години, најверојатно немам толку многу останато во мојата кариера. Интересно би било да тестирам во НАСКАР, да го почувствувам автомобилот, а додека возите ќе дознаете дали би уживале во таков тип на трки или не. Уживам да ги следам трките, но кога учествувате, тоа е нешто друго – изјави Алонсо.

Запрашан дали разговарал со Кими Раиконен околу неговото НАСКАР искуство, Алонсо го истакна следното:

Со Кими е тешко да разговарате за било што!

Запрашан за неговата реакција кон интересот на фановите кој тој го постигна надвор од Ф1, Алонсо изјави:

Среќен сум, изненаден сум, горд сум на фановите кои го сакаат моторспортот колку и јас. Тие забележуваат колку напор вложуваме во секоја трка. За мене особено, во овој период од мојата кариера, би било лесно да бидам дома, да уживам. Но јас не сум тоа.

Во последните две години, тркајќи се на легендарни трки, тоа е голем напор, не постојат празници повеќе. Ова не ми е потребно, но го правам бидејќи го сакам, а луѓето го забележуваат тоа и тоа им се допаѓа – додаде Алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ