Алонсо кандидат за местото на Фетел во Астон

Гласините дека Себастијан Фетел се ближи кон крајот на својата Формула 1 тркачка кариера стануваат се посилни.

Астон Мартин, тимот на Лоренс Строл, го сака возачот и следната година, но неговиот договор е валиден до крајот на оваа, а медиумите најауваат дека ФЕрнандо Алонсо може да го замени Себ во екипата од Силверстон.

Самиот шпанец најави дека сака да се трка уште 2-3 години во Формула 1, но неговите денови во Алпин може да се избројани затоа што французите кај себе го имаат Формула 2 и Формула 3 првакот, Оскај Пиастри, кој нема да чека крај патеката повеќе од една сезона.

фернандо сеуште се трка на врвот од своите можности и покажува глад и мотивација. прашањето е дали ќе има мотивација да продолжи со алпин. сметам дека нема каде да оди и дека ќе остане во екипата уште една година пред да реши што ќе прави – смета дејвид култхард.

Самиот Себ изгледа се повеќе е фокусиран кон социјални проблеми и животната средина, така што не се срами да одговара на прашања во врска со крајот на неговата кариера.

може да останам во тркањето, но не во моментов. секако дека нема да бидам телевизиски коментатор или аналитичар, тоа не е за мене – посочи фетел.

Слично на Хамилтон, и Себ годинава нема болид за да ги покаже своите можности и да победува.

кога почнував во спортот немав ништо против и да ја завршам трката надвор од поени, но денеска не го сакам тоа, денеска сакам само да победувам.

немам чувство дека не возам доволно добро, дека не сум силен како порано. многу се развив и искуството многу ми помага во одреден момент.

Герхард Бергер, актуелниот шеф на ДТМ кој беше прв шеф на Фетел во Формула 1 не е така сигурен.

јасно е дека не е повеќе толку добар како порано, но тоа е сосема нормално. во првиот дел од кариерата секогаш многу ризикувате, притискате и настојување да дојдете до лимитот. потоа не е така, штом ќе стигнете до врвот.

за мене тоа беше помеѓу 28 и 30 години, а потоа кривата паѓа надоле. себастијан секако не е повеќе на врвот од своите можности, но има големо исксутво кое знае одлично да го користи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ