Алонсо на врвот на листата на Бергер за ДТМ

Фернандо Алонсо е главната цел на Герхард Бергер да го донесе во ДТМ тркачката серија и веќе има усна согласност за истото. 

Поранешниот шампион веќе се проба во Формула 1, Ле Ман, ВЕЦ, Инди 500 и Дакар. Нандо ја вози втората сезона со Алпин откако се врати во Формула 1 и оваа година му истекува договорот, иако тој очекува да потпише продолжување. 

Тој мора да заврши некои работи, но сепак ќе дојде кај нас во некој момент – посочи бергер.

Нико Хулкенберг извозе две трки менувајќи го Себастијан Фетел во Астон Мартин и исто така се наоѓа на листата на Бергер. 

Хуленберг е исто на врвот на листата. Тој го замени Фетел на најдобар начин иако немаше тренинг. 

Бергер го сака и Фетел во ДТМ, но не само како возач. 

Би сакал да го имам Себ како партнер. Тој е паметен и мислам дека ќе има повеќе задачи во иднина од тркањето. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ