Алонсо ги објасни очекувањата за Астон Мартин во Австрија

И покрај тоа што заврши втор последениот пат во Монтреал, Фернандо Алонсо вели дека Спринт форматот за Големата Награда на Австрија нема да биде идеален терен за докажување за Астон Мартин.

Фернандо Алонсо ги намали очекувањата пред Австриското ГП, велејќи дека форматот не е идеален за силен резултат за неговиот тим Астон Мартин.

Трката во Спилберг овој викенд е втора од шесте Спринт настани во 2023 година, со промена на форматот што значи дека има само една слободна тренинг сесија наместо трите што се одржуваат во стандардниот Гранд При викенд.

Променетиот формат значи помалку време за Алонсо и тимскиот колега Ленс Строл да го подесат својот АМР23 во неконкурентни услови, што го натера Алонсо да сугерира дека на тимот му треба повеќе време за да ги разбере неодамнешните надградби на болидот.

Мислам дека Спринт викендот нема да биде идеален за нас – изјави Алонсо.

Ни треба уште повеќе време на тренинг сесии со нашиот нов надграден болид. Сè уште треба малку да го разбереме и оптимизираме пакетот и во Австрија, очигледно со Спринт форматот, ќе имаме само Т1 за да го направиме тоа.

Но, тоа е она што е. Патеката ќе биде добра, а можеби и подобра и за пакетот, но сепак со чуден распоред на некој начин.

Можеби ќе биде добро за Ферари со долги прави и кратки свиоци, но можеби во Австрија ќе имаме малку повеќе темпо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ